Еврото порасна поради празникот во САД

Еврото денеска порасна во однос на доларот бидејки празникот во САД ја смири берзанската активност. Заедничката валута на 16 европски држави денеска вреди 1.2583 додека вчера беше 1,2533 во однос на доларот. Еврото, кое се соочуваше со проблеми поради финансиската криза во Европа, инаку минатата недела порасна по податоците дека се намалил бројот на вработени во САД. Аналитичарите, меѓутоа се сомневаат дека еврото ќе биде во состојба и натаму да расте.