Ромпеј за Европски Балкан

Претседателот Херман ван Ромпеј на една од средбите во Брисел

Претседателот на Европскиот Совет Херман ван Ромпеј е на Западен Балкан за да ја потврди европската посветеност кон регионот. Притоа тој ги посетува Загреб, Белград и Приштина. Сепак, дали дали декларативните изјави содејствуваат со реалноста во ЕУ. па и во самиот регион на Балканот?
Самиот претседателот на Европскиот совет, Херман ван Ромпеј изјави дека европската интеграција на Западен Балкан останува клучна задача за ЕУ и дека тоа е целта на неговата посета. Еве како на посетата на Ромпеј гледа Иван Вејвода, директор на Балканскиот фонд за демократија во Белград.

„Ова е важна посета. Ван Ромпеј доаѓа во регионот за да го повтори и потврди она што е став на ЕУ уште од Солунскиот самит во јуни 2003 кога јасно беше речено дека Западен Балкан еден ден ќе влезе во Унијата.“

Тоа го рекоа и еврокомесарот за проширување Штефан Филе, високиот преставник за надворешна политика на ЕУ Кетрин Ештон, како и американскиот потпретседател Џо Бајден, но сепак во јавноста има недоумици околу вистинската готовност на Брисел да продолжи со проширувањето поради економската криза, кризата во Белгија како земја преседавач, како и неподготвеноста и внатрешните спорови на Балканот.

Дали тогаш ова се нереално поставени изјави?

Иван Вејвода вели:
Белгија - мини европски парк во Брисел на 1 Јули, 2010


„Сметам дека, како и за се во живот, па така и во ЕУ има плима и осека. Ова е можеби еден момент на осека, но тоа не ја менува суштината на зацртаните планови за интеграција на Западен Балкан. Затоа мислам дека посетата на Ромпеј е важна.“

Според аналитичарите во регионот, во суштина не треба да се потценуваат изјавите на политичарите, но главно е ,велат тие, да се слуша што се зборува на клучните места каде што се решава.