Турција најавува прекин на дипломатските односи со Израел

Турскиот министер за надворешни работи Ахмет Давутоглу предупреди дека Турција ќе ги прекине дипломатските доноси со Израел доколку не добие извинување за инцидентот со хуманитарниот конвој за Појасот Газа. Турција веќе го повлече својот амбасадор од Израел, а денеска го затвори својот воздушен простор за израелските воени авиони. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, во петокот изјави дека Израел нема намера да се извини за инцидентот.