Американска помош за реновирање на Аушвиц

Претседателот Барак Обама ќе побара од американскиот конгрес 15 милиони долари за обнова на логорот Аушвиц, изјави денеска во Краков државниот американски секретар Хилари Клинтон. Со тоа Вашингтон ќе одговори на повиците на Полска , која минатата година побара помош од меѓународната зедница од темели да се обнови поранешниот логор за да не се уништи непроценливата историја и сведоштвата на злосторствата на холокаустот. Аушвиц е изграден на почетокот на Втората Светска Војна во окупираната од Германија, Полска.