Грција доби заем од ЕИБ од 2 милијарди евра

Грција ќе добие заем во износ од две милијарди евра од Европската инвестициска банка за проекти од Националната стратегија за развој. Заемот ќе биде со рок на враќање од 25 години, а каматата ќе биде меѓу два и четири проценти, пишува весникот „Вима“.
Грција годинава обезбеди заеми во вредност од три милијарди евра.
Министерот за финансии Јоргос Папаконстантину изјави дека тоа е знак за довербата кон грчката економија за излегување на земјата од кризата.
Ова е најголемиот заем, добиен некогаш од Европската инвестициска банка.