Ураганот Алекс го погоди Мексиканскиот залив

Силен ураган го погоди мексиканскиот залив. Американскиот национален центар за урагани го прогласи Алекс за бура од втор степен бидејки ветровите дуваат со брзина од 155 километри на час. И покрај тоа што не се очекува дека ураганот ќе го погоди реонот на заливот каде истекува нафтата од подводниот бунар, компанијата бритиш петролеум ги суспендираше сите активности за санација на штетата од еколошката катастрофа.