Северот на Косово извор на закана за безбедноста

Амбасадорот на Соединетите држави во Косово, Кристофер Дел изјавил дека евентуалната опасност по безбедноста на Косово доаѓа од северот на земјата. Тој изјавил дека северот на Косово кој е познат по безаконието е најголемата закана за безбедноста на земјата, повеќе од било кое подрачје и дека од таму се можни планови за напади на Косово или надвор од Косово.