Десетмина уапсени во САД поради илегално работење за Русија

Во САД се уапсени десет лица поради сомневање дека на територијата на САД илегално работеле за руската влада. Сите се обвинети дека работеле како агенти на странска влада, поради што им се заканува максимална казна од пет години затвор, доколку бидат осудени.