Нема консензус за прием на Косово во Советот на Европа

Претседателот на Парламентарното Собрание на Советот на Европа Мевлут Чавушоглу изјави дека во тоа тело нема консензус за прием на Косово во Советот на Европа, ниту пак досега имало такво барање од Приштина.
„Сите држави не го признаа Косово како независно и тоа прашање е деликатно, но ние ја следиме ситуацијата, изјави Чавушоглу. Според него, најголеми предизвици за Западен Балкан се недостигот од доверба и дијалог.