Се сретнаа Бериша и Тачи

Дијалогот меѓу Белград и Приштина е потребен, но преговори за проблемот со територијалниот интегритет на Косово не може да има, заклучија премиерите на Албанија и Косово, Сали Бериша и Хашим Тачи, по нивната средба во Драч. Тие сметаат дека е потребно да се зачуваат сегашните граници на Балканот, кои се во интерес за целиот регион, за да не бидат предизвикани нови конфликти.