Еу не ја заборава Србија

Европската унија не заборави на Србија, и нејзината кандидатура за членство во ЕУ ќе биде вклучена на агендата во септември, изјави белгискиот министер за надворешни работи Стевен Ванакере, чија земја го презема предававањето на Унијата на 1 јули. Неговата изјава е одговор на коментарот на српскиот претседател Борис Тадиќ дека Србија и Балканот „полека исчезнуваат од радарот на ЕУ “.Вчера при презентацијата на приоритетите на белгиското претседателство со ЕУ, премиерот на Белгија, Ив Летерм нагласи дека еден од нив е и проширувањето на Унијата кон земјите од Западен Балкан. Тој изјави дека темпото на интегрирање зависи од секоја земја-кандидат одделно.