Карзаи :соседните земји да помогнат во контролата на границите

Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи денеска во Кабул ги повикал соседните земји да помогнат во запирањето на криумчарењето на дрога од Авганистан, бидејќи неговата влада нема средства сама да ги контролира границите. Карзаи ги повикал и властите задолжени за борба против корупцијата да ја засилат контролата на заработката на сите владини службеници и нивните семејства за да се спречат финансиските малверзации. Во говорот по повод одблежувањето на меѓународниот ден за борба против дрогата, Карзаи изјавил дека сузбивањето на трговијата со дрога е најголем предизвик со кој се соочува неговата земја .