Загина полицаец во експлозија во Атина

Еден полицаец загина синоќа во експлозија во грчкото Министерство за јавен ред во Атина, пренесоа светските агенции. Експлозијата била предизвикана од спакувана бомба што била ативирана во канцеларија на неколку метри од кабинетот на министерот Михалис Хрисохоидис. Министерот кој бил во зградата за време на експлозијата, не е повреден, а загинатиот бил еден од неговите најблиски соработници. Грчкиот премиер Јоргос Папандреу изјавил дека станува збор за терористички акт.