Самит на Г-8 за економски прашања

Во Канада почнува дводневниот самит на групата седум најразвиени земји во светот и Русија. Светските лидери ќе разговараат за економски прашања. САД претходно повикаа за издвојување континуирани стимулации за економско заздравување се додека многу европски земји се соочуваат со буџетски дефицити. На собирот исто така ќе стане збор и за банкарските реформи. Мерките за безбедност во Торонто се зголемени поради одржувањето на Самииот, кој ќе трае до недела.