ОБСЕ бара да се разгледаат реформите на медиумите во Унгарија

Оргаизацијата за европска безбедност и соработка денеска од Унгарија побарала повторна да го разгледа својот проект за реформи во медиумите. ОБСЕ стравува дека со тие реформи ќе се ограничи слободата на изразување. Новата унгарска влада сака да ги обедини националната телевизија, националното радио, сателитската телевизија и државната новинска агенција во едно тело кое ќе го води човек кој ќе го бира претседателот на владата.