Италија - Словачка, „наместено“?

Умберто Боси

Умберто Боси, лидер на илталијанската парија Северна Лига, изјави дека Азурите ќе ја поткупат Словачка за да се пласираат во осминафиналето од Светското првенство во Јужна Африка.

„Натпреварот ќе биде купен, ќе видите, во наредната сезона во италијански клубови ќе играат неколку фудбалери од Словачка“, изјави Боси.

Лидерот на Северна Лига, која е клучен сојузник на премиерот Силвио Берлускони, ваквиот одговор го даде на прашањето – каков ќе биде резултатот на натпреварот меѓу Италија и Словачка, кој Италијаните мора да го добијат ако сакаат да одат натаму.