Србија работи на лоцирање на Младиќ и Хаџиќ

Српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ изјави дека домашните безбедности структури работат на лоцирање на преостанатите двајца хашки обвинети користејќи при тоа и податоци од странските служби. Тој додаде дека припадниците на МВР биле задолжени сите локации кои некој ќе им ги достави да се проверат, но повеќе пати се покажало дека тие не биле точни.