Милошоски:Македонија е свртена кон иднината

Министерот за надворешни работи Антонио Милошоски изразил незадоволство од последниот состанок на Советот на министри во Луксембург на кој Македонија не доби датум за почеток на преговори. Тој изјавил дека сепак тоа нема да ја обесхрабри земјата да ги спроведува реформите. Милошоски говорејќи на состанокот на Процесот за соработка на земјите од Југоисточна Европа изјавил дека Македонија е свртена кон иднината, го почитува идентитетот на сите и очекува за возврат да и биде укажана иста почит.