САД бараат одговори од Мек Кристал

Командантот на американските сили во Авганистан добил наредба да се врати дома и да ги образложи изјавите дадени во едно списание со кои ја критикув официјалната политика на администрацијата на Обама, јавуваат странските медиуми. Генерал Стенли Мек Кристал во написот саркастично се пошегувал со заменик претседателот Џо Бајден кој е познат како скептик за стратегијата на Мек Кристал за војната во Авганистан. А имало коментари и за американскиот амбасадор во Авганистан Карл Еикенбери и американскиот претставник за Авганистан и Пакистан, Ричард Холбрук.