Португалија го фали Џабулани

Роналдо со Џабулани

По многубројните критики за специјалната фудбалска топка направена за Светското првенство во Јужна Африка, Џабулани, како што се нарекува, конечно ги доби и првите пофалби.
„Ја сакаме оваа топка“, изјави Карлош Кеирош, селекторот на Португалија откако неговиот тим ја победи репрезентацијата на Северна Кореа со 7:0.

Тоа е најубедлива победа на Мундијалот во изминативе 8 години. На првенството во 2002 година Германија ја победи Саудиска Арабија со 8:0.

Топката бше критикувана од фудбалерите, бидејќи била многу лесна и тешка за контролирање, односно, како што велат, непослушна, особено при додавањата.

Интересно е тоа што најмногу критики дојдоа од екипте кои биле поразени.

Португалците, против Северна Кореја немаа проблеми.

„Ние сме професионалци. Треба да ги заборавиме дискусиите за топките и за вувузелите и да се концетрираме на играта. Светското првенство е забава, фудбалско умеење и голови, а не некои секунадрни работи“, изјави селекторот Кеирош.