САД - Однесувањето на Иран е загрижувачко

Портпаролот на Стејт департментот Филип Кроули вчера оцени дека забраната, двајца инспектори на ОН да влезат во Иран, е загрижувачка. Претходно, иранските власти соопштија дека нема да дозволат влез на двајцата инспектори поради пишување „невистинити“ извештаи, но дека Иран ќе дозволи инспекции.
Не се соопштуваат имињата на двајцата инспектори.