Претседателот на Русија Дмитри Медведев од утре ќе престојува во прва официјална посета на Соединетите држави на покана од неговиот американски колега Барак Обама. Медведев и Обама ќе разговараат за влезот на Русија во Светската трговска организација , за прашања за меѓународната безбедност и економија, соопштуваат од Москава. Двајцата претседатели ќе потпишат и повеќе договори за економска соработка.