Џерард: не сме доволно агресивни

Детаљ од натпреварот Англија- Алжир

Капитенот на Англија вели дека причина за нерешениот натпревар со Алжир е недоволната агресивност на неговата репрезентација. И селекторот на Алжир зачуден од лошата игра на Англија
Капитенот на Англија Стивен Џерард изјави дека неговата репрезентација не успеала да го победи Алжир затоа што на теренот не покажала доволно агресивност. „ Не постои никаков изговор. Мораме да победиме на последниот натпревар во групата“ , рече Џерард, чија екипа е на прагот на испаѓање од Светското првенство, откако во двата први меча освои само два бода по нерешените исходи против САД и Алжир.
Дури и селекторот на Алжир Рабах Садан изразил чудење поради многу лошата игра на Англичаните. „ Очекував од нив подобра партија. Вечерва не играа како што знаат“ , изјави Садан по натпреварот.
Англија во третото коло на групата Ц се среќава со лидерот Словенија, а Алжир ќе игра против САД.