ЕУ расправа за укинување на визите за Молдавија

Европската унија денеска започна разговори за укинување на визниот режим кон Молдавија. Во меѓувреме Молдавија треба да ги реши техничките проблеми за да може да добие визно ослободување. Во соопштението на ЕУ се наведува дека треба да се дискутира за пасошите кои треба да се осигураат од фалсификување и да се усогласи законодавството на Молдавија со онаа на ЕУ за да се спречи мигрирање . Молдавија е член на Групата за Источна Партнерство со Унијата, заедно со Ерменија, Азербејџан, Белорусија, Грузија и Украина. За ЕУ визната либерализација е една од главните работи кои може да им ги понуди на државите во соседството за да се подобрат сосотојбите таму, што се однесува на владеењето на правото и почитувањето на човековите права.