Белорусија одби да го екстрадира Бакиев

Киргистански официјални лица изјавија дека Белорусија официјално одбила да го екстрадира поранешниот киргистански претседател Курманбек Бакиев. Тој избега во Белорусија на 7 април, по масовните протести во неговата земја. Бакиев отиде во Белорусија
на покана на белорускиот претседател Александар Лукашенко. Киргистан во мај побара Белорусија да го екстрадира Бакиев. Привремените власти во Киргистан велат дека Бакиев е одговорен за смртта на повеќе од 80 луѓе за време на судирите меѓу демонстрантите и безбедносните сили на 7 април