Албин Курти излезе од затвор

Лидерот на косовското движење „Самоопределување“ Албин Курти е осуден на девет месеци затвор, но бидејќи досега го издржал тоа време во затвор, тој е ослободен.
Судењето на Курти е одржано вчера во Окружниот суд во Приштина, поради учество во група и попречување на службени лица во извршување на службената должност, по повод демонстрациите од 10 февруари 2007 година.
Судскиот совет на судењето на Курти го сочинуваа двајца косовски и еден меѓународен судија.
Обвинителството повлече и трета точка од обвинението - учествување во маса која врши кривично дело и повик на отпор.