Отфрлена интерпелацијата за вицепремиерот Наумовски

Собранието ја отфрли интерплелацијата за вицепремиерот за евроинтеграции Васко Наумовски. Пратениците со 69 гласови „против“ и 16 гласа „за“ ја отфрлија интерпелацијата која беше поднесена од опозицијата.
Опозициската ЛДП смета дека Наумовски е одговорен за закочените реформи и евроинтегративните процеси, и вели дека Наумовски целосно ја исклучил европската агенда од политичкиот и институционалниот живот во државата. Во своја одбрана од собраниската говорница Наумовски изјави дека главната причина која ја блокира евроинтеграцијата на земјата не се неисполнувањето на критериумите како што е наведено во интерпелацијата, туку билатералниот спор со Грција.