Земјите од Западен Балкан мора да ги решат прашањата со кои се соочуваат за да има напредок во евроинтегративниот процес.Оа го изјави високиот претсавник за надворешна и безбедносна политика на Европската Унија, Кетрин Ештон на конференцијата во Луксембург. Таа додаде дека за време на состанокот на министрите за надворешни работи накратко се разговарало и за Македонија, но не ги соопштила деталите. Ештон истакна дека преговорите кои се водат во моментов под покровителство на Обединетите Нации за името, се многу важни за Македонија и изрази надеж дека проблемот ќе се реши набрзо , за да може земјата да напредува.