Северна Кореја емитувала снимка од натпреварот на Јужна Кореја

Севернокорејската државна телевизија денеска емитувала снимка од натпреварот меѓу Јужна Кореја и Грција во рамки на Светското првенство во фудбал. Снимката е емитувана два дена по натпреварот. Јужнокорејската телевизија СБС ги има правата за пренос на Мундијалот на целиот Корејски остров, но телевизијата соопштила дека нема да емитува сигнал во Северна Кореја поради политичките недоразбирања.