Протест на вработените на еден од стадионите на Мундијалот

Вооружени полицајци изутринава растуриле протест на вработените на еден од стадионите на Мундијалот во Јужна Африка. Вработените бараа повисоки плати.
Полицијата употребила шок бомби и солзавец, за да растутри сторици работници, кои се собраа на паркингот на стадионот „Моузес Мабхида“ во Дербан, само неколку часа откако Германија ја победи Австралија со 4:0. Засега не се соопштува ништо за повредени или за апсења. Еден од демонстрантите за странски репортери изјавил дека им биле ветени по 195 долари на ден, а добиле само по 25 долари. Друг работник кажал дека организаторите не им обезбедиле транспорт по натпреварите и оти требале да одат пеш четири часа.