Црвен крст - Ситуација во Киргистан е критична

Меѓународниот комитет на Црвениот крст предупредува дека хуманитарната ситуација во јужен Киргистан станува критична, по неколкудневните судири и убиства меѓу етничките Киргизи и узбечкото малцинство.
Киргистанското министерство за здравство соопшти дека во изминативе три дена загинале најмалку 113 луѓе, а повеќе од 1400 се повредени. Извештаите велат дека десетици илјади Узбеци ги напуштиле домовите за да ги избегнат нападите од киргиските банди, кои се обвинети за колежи и опожарувања на узбечките имоти.
Активистите за човекови права ги обвинуваат киргистанските власти и безбедносните сили дека не преземаат доволно одлучна акција за да ги спречат насилствата.