Швајцарски бизнисмен по две години ослободен од Либија

Швајцарскиот бизнисмен Макс Гелди се врати во татковината, откако две години беше притворен во Либија . На летот од Триполи до Цирих тој беше придружуван од министрите за надворешни работи на Швајцарија и на Шпанија, Мишелин Калми-Реј и Мигел Ангел Моратинос. Швајцарската шефица на дипломатија потпишала договор за надминување на дипломатските несогласувања со Либија. Договорот го потпишал и Моратинос, чија земја е претседавач со ЕУ.
Гелди одлежа 4 месеци затвор за прекршување на имиграциските закони.
Гелди е вработен во проектантската фирма АББ и работел во Либија. Тој и уште еден негов колега беа притворени во Либија во 2008, веднаш откако швајцарската полиција го уапси синот на либискиот лидер Муамер Гадафи, Ханибал и неговата сопруга по обвиненија дека го малтретирале персоналот, во хотел во Женева. Обвиненијата против Ханибал Гадафи беа повлечени, но односите меѓу Швајцарија и Либија се влошија. Либија го прекина извозот на нафта за Швајцарија и ги повлече парите од тамошните банки.