Бугарија ќе испрати уште војници во Авганистан

Бугарскиот министер за одбрана Ању Ангелов денеска најави дека ќе се зголеми бројот на бугарски војници во мисијата на меѓународните сили ИСАФ.Тој истакна дека Бугарија до крајот на есента во Авганистан ќе испрати уште 87 војници. Во моментот во ИСАФ ангажирани се 525 бугарски војници. Бугарија во мисијата во Авганистан ќе испрати уште три тимови за обука и врски, десет инструктори и медицинска екипа, соопштил Ангелов.