МОН:Успешно реализиран планот за државна матура

Министерот за образование и наука Никола Тодоров, директорите на Бирото за развој на образовнието, и на Државниот испитен центар денеска заеднички констатирале дека успешно е реализиран проектираниот план за државната матура. Во делот на државната матура Македонија е лидер во регионот и земја од која искуство црпат сите држави кои сакаат да го имплементираат овој концепт, кој е застапен во речиси сите земји од ЕУ, изјавил министерот Тодоров. Тој најавил дека за следната година огромни се можностите државната матура да се врши по електронски пат. Државниот испит вчера се спроведе во 94 јавни училишта и во пет приватни средни училишта за учениците од гимназиското, уметничкото и средното стручно образование. Се полагаа испитите по македонски јазик и литература, албански јазик и литература и турски јазик и литература. На испитот беа пријавени 18.441 кандидат