Иран го одобри договорот за извоз на гас во Пакистан

Иран денеска го одобри договорот за извоз на природен гас во Пакистан. Договорот е вреден 7 милијарди долари, јавува државната иранска телевизија. Ирански официјални претставници соопштуваат дека земјата 25 години почнувајќи од 2015 во Пакистан треба да извезува по еден милион кубни мерти природен гас дневно. Нафтоводот е 1.000 километри долг а поголемиот дел од него е веќе изграден.