Владата го утврди предлогот за ребаланс на буџетот

Владата на вчерашната седница го утврди предлогот за ребаланс на Буџетот за 2010 година. Со ребалансот на Буџетот на бруто основа заштедени се околу осум милијарди, а на нето основа четири милијарди и седумстотини милиони денари, објави министерот за финансии Зоран Ставрески. Со ребалансот на Буџетот се предвидува усогласување на буџетските расходи со остварувањата на буџетските приходи и проекциите до крајот на годината со цел да се задржи непроменето вкупното ниво на буџетскиот дефицит на 2,5 проценти од бруто домашниот производ.