НАТО:За помалку војници на Косово дополнителни проценки

За да се донесе одлука за намалување на бројот на војници во Косово, треба да се направат дополнителни политичко-воени проценки, заклучиле министрите за одбрана на НАТО. Алијансата има планови до крајот на годинава бројот на војници во КФОР да изнесува 5.000. Министрите за одбрана на НАТО и на другите земји кои учествуваат во мисијата на Косово оцениле дека и покрај повремените безбедносни инциденти, развојот на Косово и понатаму се движи во добар правец