Можен е втор бран на рецесија во Европа, доколку некои европски држави не излезат на крај со должничката криза, оценила Светската Банка, пренесува агенцијата Блумберг. Според очекувањата на Банката можно е некои земји да имаат негативен раст, а некои од нив да западната пак во рецесија. Најголема изложеност од опасност од таква криза се економиите и на државите од источна Европа, централна Азија, Латинска Америка и Карибите.