Филе:Проширувањето да не биде заложник на билатералните спорови

Еврокомесарот за проширување Штефан Филе изјавил дека процесот на зачленување на земјите од Западен Балкан во Унијата, не треба да биде заложник на нерешените билатералните спорови во регионот. Филе изјавил дека мора да се најде друг начин за решавање на отворените прашања во регионот. Тој повторил дека брзината на пристапувања во Унијата зависи од реформите кои секоја земја што сака да влезе во ЕУ мора да ги исполни.