На Македонија не и треба аражман со ММФ

Македонија во моментот, но и на долг рок нема потреба од склучување на нов аражман со Меѓународниот монетарен фонд, изјавил вицегувернерот на Народната банка на Македонија Димитар Богов. Според него договор со ММФ склучуваат земји кои имаат нестабилна економија, а за разлика од нив македонската успешно ги пребродила сите проблеми.