Падот на еврото и носи добивка на германската автоиндустрија

Германските автомобилски компании, поради слабиот курс на еврото, ќе имаат дополнителна, непланирана добивка од најмалку 4 милијарди евра. Во анализите на експертите за автоиндустрија кои се објавени во неделникот „Штерн“ , пишува дека половина од таа добивка, во автомобилските компании ќе се слее во текот на оваа година. Германските автокомпании оваа година ќе извезат повеќе од 1, 5 милиони автомобили надвор од земјите од Европската унија а тие договори се пресметуваат во долари.