Испратен формален одговор до Иран за планот подржан од Турција

САД, Франција и Русија и формално неколку часа пред гласањето за новиот пакет санкции во ОН одговорија на планот Иран да испраќа дел од нуклеарниот материјал во Турција и за возврат да добие нуклеарно гориво. Западните сили сметаат дека овој договор не е одговор на загриженоста дека Техеран нема да произведе атомско оружје.