Милошоски на сесија на ОБСЕ во Виена

Министерот за надворешни работи на Република Македонија Антонио Милошоски денеска и утре ќе учествува на Сесија на Постојаниот комитет на ОБСЕ, што ќе се одржува во Виена. Во рамките на сесијата, министерот Милошоски во својство на претседавач на Комитетот на министри на Советот на Европа, ќе има излагање во кое ќе говори за приоритетите на македонското претседавање, а ќе се осврне и на зајакнувањето на соработката меѓу Советот на Европа и ОБСЕ во областите од заеднички интерес. За време на престојот во Виена, министерот Милошоски ќе има средба и со австрискиот министер за европски и меѓународни работи Михаел Шпинделегер.