Лејкерс поведоа со 2:1

Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс рано изутрината по македонско време како гости го совладаа Бостон Селтикс со 91:84, во третиот натпревар од финалето на НБА лигата. Најефикасен играч на натпреварот беше Коби Брајант со 29 поени. Со тоа Лејкерс поведоа со 2:1 во победи, а шампион ќе биде онаа екипа која прва ќе дојде до 4 триумфи. Наредниот натпревар се игра утревечер, исто така во Бостон.