Естонија влегува во еврозоната

Министрите за финансии на земјите членки на Европската Унија денеска и одобриле на Естонија од 1 јануари 2011 да влезе во еврозоната, соопштиле извори од ЕУ. Естонија е првата балтичка земја која ќе го воведе еврото и 17 членка на Унијата која ќе ја прифати европската монета. Новото проширување на еврозоната, формално треба да биде потврдено на Самитот на ЕУ кој ќе се одржи на 17 и 18 јуни. Една земја членка на ЕУ за да може да го воведе еврото треба да исполни низа критериуми, како оние кои се однесуваат на дефицитот, јавниот долг, инфлацијата.