Кинески фармер со домашен топ против извршители

Кинески земјоделец им прогласи војна на извршителите кои сакаат да му го одземат имотот со топ конструиран од градинарска количка и цевки. Јанг Јоуд, кој живее во градот Вухан во провинцијата Хубеи во централна Кина, изјави дека до сега со топот избркал неколкумина извршители. Импровизираното оружје користи петарди како амуниција. За сега нема информации дека некои од извршителите биле повреден при соочувањата со фармерот.