Клинтон: Иран ќе проба со трик да се извлече

Американскиот Државен Секретар Хилари Клинтон денеска изјави дека очекува Иран пак да проба со некој трик да се извлече од притисокот кога Советот за безбедност на Обединетите Нации се подготвува да гласа за санкции против Техеран поради нуклеарната програма. Соединетите Американски Држави инсистираат да се спороведат нови санкции кон Иран поради како што велат прекршување на нуклеарните обврски и сомневање дека Техеран се обидува да произведе нуклерано оружје.Техеран ваквите обвинувања ги негира.