Студентите ќе можат да пријавуваат корупција

Студентите од утре ќе можат да пријавуваат корупција со која се соочуваат на факултетите. Во министерството за образование, во студентските канцеларии и на сите универзитети ќе се отворат канцеларии за превенција и борба со корупцијата. Општиот став на студентите е дека постојат случаи на корупција но дека тие се плашат да ги пријават.