САД:Потребен нов начин за достава на помош за Газа

Израелската блокада на појасот Газе неможе да опстои во обликот во кој моментално постои и треба да се изнајдат нови процедури за достава на помош во таа област, соопштил официјален Вашингтон. Портпаролот на Националното собрание за безбедност на САД, Мајл Хамер изјавил дека соработуваат со Изрел, со палестинските власти и со другите меѓународни партнери за изнаоѓање нов начин за испорака на помош во Газа. Портпаролот на Стејд департментот, Филип Кроули изјавил дека сите сакаат да се избегнат инциденти како оној од понеделникот кога беа убиени 9 членови од конвојот кој носеше помош за Газа.