Трофејот е во Јужна Африка

Претседателот на ФИФА Јозеф Блатер денеска (04.06.10) му го предаде пехарот за Светскиот куп во фудбал на јужно-африканскиот потпретседател Кгалема Мотланте, точно на една недела пред почетокот на првенството. Монтланте изјави дека се надева оти не само што го држи трофејот за прв пат во Јужна Африка, туку и дека ќе остане на африканскиот континент во наредната година.